Египет - Муслиманското братство да запре со насилните протести

Египетските власти го предупредија Муслиманското братство да запрат со насилните протести. Владата во саботата соопшти дека се стега безбедноста во сите градови и на стратешките места, откако вчера во Каиро загинаа најмалку четири лица. Судирите започнаа кога стотици поддржувачи на соборениот исламистички претседател Мухамед Морси се обидоа да се соберат на плоштадот Тахрид во Каиро. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун изрази загриженост поради зголемувањето на немирите во Египет.