Ставрески - изборот за вработување ќе биде транспарентен

Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека утрешното јавно извлекување за вработување на 1.600 лица од социјални категории ќе се спроведе на транспарентен начин и оти работа ќе добијат оние кои најмногу и ја заслужуваат.

„Со оглед на фактот дека распределбата ќе биде пренесувана на телевизија и изборот ќе се изврши јавно, а јавноста ќе може да го следи, убеден сум дека ќе се спроведе на најдобар транспарентен начин и оти оние кои ќе добијат работа, ќе бидат лицата кои најмногу и заслужуваат, иако и сите други кои конкурирале спаѓаат во овие категории на граѓани, изјави денеска во Петровац вицепремиерот Ставрески.

На огласот се пријавени повеќе од 20 илјади граѓани, а компјутерското рангирање на кандидатите ќе се изврши утре со директен пренос на Македонската телевизија.