Хамнеи - на Американците не може да им се верува

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека ја поддржува дипломатската иницијатива на претседателот Хасан Рохани на Генералното собрание на ОН минатата недела, но оти нема доверба во САД како преговарачки партнер. „Додека сме оптимисти за дипломатскиот персонал на нашата влада, ние сме песимисти поради Американците. Американската влада не е за верување, таа е самодоволна и ги крши ветувањата“, изјави Хамнеи во неговото прво обраќање по патувањето на Рохани во Њујорк. Тој исто така рече дека некои од работите што се случиле на патувањето во Њујорк не биле „исправни“, но не се осврна на тоа што според него не било исправно.