Се запали човек во центарот на Вашингтон

Еден човек се самозапали во Националниот парк во американскиот главен град Вашингтон вчера попладне. Очевидци велат дека тој се полил со бензин и се запалил. Човекот чиј идентитет не се соопштува е пренесен во болница и е во животна опасност.