Салвадор го призна Косово

Министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај синоќа на Твитер потврди дека Салвадор ја признал независноста на Косово.

Хоџај напиша: Конзулатот на Косово во Њујорк прими објава од Салвадор за официјално признавање на Косово. И се заблагодаруваме на државата Салвадор, на нејзината влада и народот.