„Бела ноќ“ во Скопје по деветти пат

Macedonia - Event "White Night 2013" in Skopje, poster - N / A

Вечер со изложбата „Уметникот и диктатурата“ во 20:30 часот во Музејот на Град Скопје ќе почне манифестацијата „Бела ноќ 2013“, која се одржува традиционално деветта година по ред.

Потоа на плоштадот Македонија светската атракција Commandos Percu, ќе одржи музичко - пиротехничко шоу, насловено „Bombs pet minute“.

Во целата чаршија ќе се случуваат повеќе настани, концерти пред Стоковна куќа - МОСТ, изложби во Галерија 8, ИКОМОС, перформанси. Киното „Милениум“ и киното „Фросина“ 24 часа ќе имаат бесплатни филмски проекции, а во Градскиот парк ќе има кино на отворено.

Манифестацијата ќе биде збогатена со музика, филм, поезија, модерна уметност, мода.

Настаните во рамки на Бела ноќ ќе бидат бесплатни.