Човек активирал бомба на украински граничен премин

Еден човек се разнесол откако денеска активирал бомба на украински граничен премин. Полицијата соопшти дека притоа биле ранети двајца граничари кои претходно запреле минибус со молдавски регистерски таблички. Во него имало четворица патници. Граничарите откриле уште еден кој бил сокриен и кој им покажал руски пасош, но не на негово име. Тогаш тој и ја активирал бомбата што ја имал кај себе. Засега не се познати мотивите за инцидентот.