Обама го откажа патувањето во Азија

Барак Обама

Белата куќа објави дека претседателот Барак Обама го откажал патувањето во Азија наредната недела поради делумното затворање на американската влада. Во соопштението се вели дека Обама нема да патува за Бали и за Брунеи на самитот на Источна Азија а делегацијата ќе ја води државниот секретар Џон Кери. Во соопштението исто така се вели и дека Обама ќе остане да врши притисок врз опозицијата да се донесе буџетот и да се отвори владата.