Во идната недела можна средба меѓу Обама и Путин

Владимир Путин

Претседателите на Русија и на Соединетите држави Владимир Путин и Барак Обама би можело да одржат разговори во идната недела во Индонезија. Руските новински агенции го цитираат претставникот на Кремљ Јури Ушаков кој рекол дека Вашингтон позитивно реагирал на рускиот предлог Путин и Обама да одржат разговори на маргините на економскиот самит во Бали. Тој не ги коментираше извештаите дека Обама би можело да го откаже учеството на самитот поради привременото затворање на американската влада.