Кери: има надеж за соработка со Иран

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази надеж во соработка со новото иранско раководство, додавајки дека каков било прогрес треба да биде базиран врз конкретни чекори. Доколку Иран има намера да биде мирољубив, има начини да се постигне тоа, рече Кери, кој е во посета на Јапонија. Инаку, во Токио Кери разговараше со јапонските министри за одбрана и за надворешни работи. Во Токио е и американскиот секретар за одбрана Чак Хегел, на разговори за воената соработка меѓу Соединетите Држави и Јапонија.