Обама и републиканците сеуште без договор

Разговорите меѓу претседателот Барак Обама и опозициските републикански лидери не успеаја да стават крај на делумното затворање на некои федерални служби што е на сила трет ден. По разговорите републиканските лидери и конгресмените од Демократската партија на Обама меѓусебно се обвинуваа поради непостигнатиот договор. Поради непостигнување договор околу новиот буџет дома се испратени стотици илјади вработени во федералните служби кои се оставени без плата, а затворени се и повеќе владини канцеларии, национални паркови, музеи и споменици. Пред разговорите Обама предупреди дека дека нема да преговара со републиканците се додека тие не се согласат привремено да ја финансираат владата за да се задржат федералните агенции отворени.