Четворица активисти на Гринпис обвинети за пиратство

Во рускиот град Мурманск, 4-ца членови на Гринпис и еден фоторепортер и формално биле обинети за пиратство. Адвокатот на Гринпис во Русија соопшти дека станува збор за активисти од Бразил, Велика Британија, Финска, Шведска и Русија, оценувајки дека обвинението е асолутно неосновано и незаконско. Доколку бидат прогласени за виновни, би можеле да добијат казна затвор и до 15 години. Вкупно 30 активисти на Гринпис беа уапсени во минатиот месец од руските власти, откако двајца од нив се обидоа да се искачат на платформата за нафта на Газпром во Арктикот, во знак на протест против експлоатацијата во водите на океанот. Организациите за човекови права повикаа на итно ослободување на активистите. Синоќа, подржувачи на Гринпис на кратко го прекинаа фудбалскиот натпревар од лигата на шампионите во Базел, меѓу домаќинот и Шалке, во знак на протест против Газпром, кој е еден од спонзорите на ова натпреварување.