Регионален министерски состанок во Брдо кај Крањ

Денеска и утре во Брдо кај Крањ во Словенија ќе биде одржан сеопфатен регионален министерски состанок.
Првиот ден на дневниот ред е состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на САД- Јадранската Повелба на тема „Заеднички одговорности и приоритети во одбраната во услови на економска криза – придонес кон регионалната и глобалната безбедност“.
Утре, пак, ќе се одржи министерски состанок на СЕДМ (процес на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа).
На дводневниот настан во Словенија ќе учествува и министерот за одбрана на РМ Талат Џафери.
Сеопфатниот министерски состанок се одржува на иницијатива на Република Словенија, во насока на рационализација на регионалната одбранбена соработка во Југоисточна Европа и регионот на Западен Балкан.