Воена парада во Јужна Кореа

Јужна Кореа на денешната воена парада во Сеул претстави ракета со долг дострел која би можело да досегне до сите делови на Северна Кореа. На парадата учествувале 11 илјади војници, 120 авиони и 190 оружени системи, меѓу кои и ракетата од домашно производство Хјунму 3 со дострел од илјада километри. Парадата ја следеше и американскиот секретар за одбрана Чак Хегел.