Намален бројот на гладните во светот

Во најновиот извештај на Обединетите нации се наведува дека еден од осум жители на Планетава хронично гладува. Во извештајот се прецизира дека во периодот меѓу 2011 и 2013 година 842 милиона луѓе немале доволно храна за активен здрав живот. Ова е помалку од претходниот двегодишен период кога имало 868 милиони гладни луѓе. Во документот се објаснува дека тоа е резултат од економскиот пораст во развиените земји и зголемувањето на земјоделското производство. Подсахарска Африка и натаму останува регион каде што има најголема неисхранетост во светот.