Во Брисел разговори за изборите на Косово

Во организација на ОБСЕ денеска во Брисел делегации на Белград и Приштина ќе разговараат за подготовка на ноемвриските избори во Косово. Една од темите ќе бидат и пријавите за гласање на внатрешно раселените Срби, кои се спорни за Приштина. ОБСЕ претседава со работна група за изборите, во рамки на преговорите за нормализација на односите. Состанокот се одржува во седиштето на Европската надворешно политичка служба, на чие чело е Кетрин Ештон.