Иванов и Волерс на „Спортски бон-тон“ во Теарце

претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и американскиот амбасадор Пол Волерс денеска во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце присуствуваа на спортско-културната манифестацијa „Социјална и етничка интеграција преку спортот - Спортски Бон-Тон“. Целта на проектот е промовирање на спортот како општествена активност преку која се зацрврстуваат меѓуетничките односи во Македонија. „Сакаме младите да ја запознаат сета различност во Македонија и да учат, да се почитуваат меѓусебе и разбираат и заедно да растат во еден поинаков амбиент што ќе им овозможи заемна комуникација, другарување и заедничко чуствување на сето она што го имаме како држава“, рече претседателот Иванов, кој е и покровител на проектот. Амбасадорот Волерс оцени дека ова е вистински пример како младите да работат заедно.