Бјалатски добитник на наградата Вацлав Хавел

Затворениот белоруски активист за човекови права Алес Бјалатски е добитник на наградата Вацлав Хавел, која се доделува за прв пат од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Како што е соопштено во Старзбур, наградата му се доделува за неуморна работа за подобрување на човековите права во Белорусија, а ја прими неговата сопруга Наталија Пинчук. Бјалатски, во ноември 2011-та беше осуден на 4 ипол години затвор за даночно затајување, но неговите подржувачи тврдат дека станува збор за политички митивиран случај.