Франција против приемот на Бугарија и Романија во Шенген

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус изјави дека Франција е против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Тој оцени дека приемот во Шенген на Бугарија и на Романија ќе значи дека имигранти од трети земји слободно ќе влегуваат во Европската Унија преку тие две земји. Ваквиот став произлегува по дебатата во Франција во врска со третманот на ромските имигранти, претежно до Романија и Бугарија.