Лавров: бунтовниците во Сирија би можеле да употребат хемиско оружје

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изрази загриженост дека сиријската опозиција би можела повторно да се обиде да употреби хемиско оружје, со цел да иницира воена интервенција од надвор. Лавров, во денешното интервју за рускиот весник Комерсант, изјави дека Русија сеуште не добила докази од Соединетите Држави дека сиријските владини сили извршиле напад со хемиско оружје на 21-ви август. Тој повтори дека Русија ќе се согласи на воена интервенција во Сирија само доколку е апсолутно сигурна дека некоја од страните во конфликтот употребила хемиско оружје.