Лета повика на гласање за доверба на Владата

Италијанскиот премиер Енрико Лета повика на гласање за доверба во неговата влада во среда. Владата на Италија беше доведена во криза во саботата, кога пет министри од партијата поранешниот премиер Силвио Берлускони објавија дека поднесуваат оставка. Тензиите во владата се присутни подолго време, а владината коалиција ја сочинуваат десно и левоориентирани партии.
Берлускони, кој е член на парламентот, минатиот месец беше осуден на година и пол година затвор за даночно затајување, а членовите во неговата централно-десничарска Партија на слободата најавија дека ќе се повлечат ако Владата не го повлече зголемувањето на данокот на додадена вредност во Италија. Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано повтори дека тој само ќе го распушти парламентот како последно средство. Сегашната коалиција е на власт само седум месеци.