Босна и Херцеговина подготвена за попис

Босна и Херцеговина е подготвена за првото пребројување на населението по 1991 година, пишува агенцијата Хина. Пребројувањето ќе се спроведе од 19.000 анкетари, од 1 до 15 октомври, а резултатите од него се очекува да ја одразат точната социјална и економска слика за земјата и промените во етничката структура по војната од 1992-95 година. Државната статистичка агенција во Босна и Херцеговина е одговарна за спроведување на пописот, а нејзиниот директор Зденко Милиновиќ изјави дека се е веќе подготвено. Пребројувањето ќе се изврши во согласност со законот, што минатата година беше донесен од државниот парламент. Според проценки на статистичката агенција, во земјата во моментов има 3,8 милиони жители, но етничкиот состав е тешко да се определи.