Уапсените членови на „Златна зора“ обвинети за учество во криминална организација

Лидерот на крајнодесничарската партија „Златна зора“ и уште четворица пратеници од партијата синоќа беа официјално обвинети за учество во криминална организација со цел за извршување на злосторства.
Апсењата покажуваат дека грчката Влада се обидува да ја уништи партијата позната по својата жестока антиимигрантска позиција. Уапсени се лидерот на „Златна зора“ Никос Михалолиакос, портпаролот на партијата Илиас Кадидиарис, Јоанис Лагос, Никос Михос и Илиас Панајотарос. Се трага по уште еден парламентарец, Христос Папас, се наведува во соопштението на обвинителството. Во акцијата се приведени уште 15 лица, вклучително 13 членови на „Златна зора“ и двајца полицајци. Се очекува тие да бидат изнесени пред обвинител и истражен судија. Обвиненијата против нив се истите.
Во соопштението на обвинителството се наведува дека уапсените и лицата по кои се уште се трага се осомничени за убиства, напади, експлозии и уцени. Грчката Влада нареди истрага против „Златна зора“ по убистото на раперот Павлос Фисас, на 18 септември, од човек кој се декларирал како член на „Златна зора“.