Протести поради апсењето на лидерот на Златна зора

Неколку стотици поддржувачи на грчката крајнодесничарска партија Златна зора се собраа денеска пред полициската станица, откако денеска полицијата го уапси лидерот на партијата и над десетина високи партиски членови и пратеници.
Партијата на својата веб страница повика на протест во знак солидарност со нејзиниот лидер Николаос Михалолиакос.
Грчкиот премиер Андонис Самарас ја отфрли можноста за предвремени избори по апсењето на лидерот на Златна зора.
Според обвинителството уапсените може да се соочат со обвиненија за убиство, напад, бомбашки напади, изнуди и перење на пари. Лидерот на Златна зора, нејзиниот портпарол, двајца пратеници други членови на партијата беа уапсени под обвинение за создавање криминална организација.