Предизборен митинг на опозицискиот кандидат во Баку

Ќамил Хасанли

Поддржувачите на претседателскиот кандидат на здружената опозиција во Азербејџан, Ќамил Хасанли денеска одржа митинг во главниот град Баку. Организаторите изјавија дека на настанот присуствувале околу 10 000 луѓе. Хасанли, кој е главниот предизвикувач на актуелниот претседател Илхам Алијев, ги повика своите приврзаници да гласаат за него на 9 октомври за да се "стави крај на диктатурата на едно семејство во Азербејџан."
Тој го обвини Алијев за корупција и проневера на милијарди долари на јавните пари. Учесниците извикувале ", Илхам, поднеси оставка," и "Илхам, доволно!"
Мирниот митинг заврши без инциденти. Кандидатурата на Хасанли е поддржана од страна на Националниот совет на Демократски Сили, организација која се состои од повеќето опозициски партии и групации во Азербејџан.