ЕУ го поздрави донесувањето на резолуцијата за Сирија

Европската унија го поздрави донесувањето на резолуцијата на Обединетите Нации за уништување на хемиското оружје во Сирија. Шефот за надворешна политика Кетрин Ештон изјави дека резолуција претставува "голем чекор кон одржлив и унифициран меѓународен одговор на кризата во Сирија".
Ештон изјави дека резолуцијата треба "да постави стандард за меѓународната заедница како одговор на заканите од оружјето за масовно уништување". Советот за безбедност едногласно ја донесе резолуција со која се бара уништување на хемиското оружје на Сирија и се осудува нападот со отровниот гас сарин во околината на Дамаск на 21 август. Ештон соопшти дека Европската Унија "ја повторува својата подготвеност за поддршка на активностите предвидени во резолуција", вклучувајќи и "силна меѓународна реакција во случај на неусогласеност."