Пакистан предлага соработка со Индија

Наваз Шариф, Њујорк, 27.09.2013

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф изјави дека со нетрпение го очекува состанокот со неговиот индиски колега за отпочнување нова ера во релациите меѓу двете досега ривалски земји. Во говорот на Генералниото собрание на Обединетите Нации, Шариф истакна дека Исламабад и Њу Делхи трошат огромни ресурси за оружје. Доколку имаме соработка, целиот регион ќе има бенефиции, истакна Шариф. Средбата на Шариф со индискиот премиер Манмохан Синг е предвидена за во недела во Њујорк.