Американскиот суд му ја потврди пресудата на Виктор Бут

Американскиот суд, во жалбената постапка, го потврди обвинението и затворската казна за рускиот трговец со оружје Виктор Бут. Претставник на руското министертво за надворешни работи оцени дека случајот против Бут бил политички мотивиран. Бут беше обвинет во 2011-та за шверц со оружје и за конспирација за убивање американци и осуден на 25 години затвор.