Во Њујорк средба меѓу Попоски и Вигенин

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски во Њујорк оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин.
Акцент, како што соопшти МНР, бил ставен на европската перспектива на регионот, која, како што било речено, може да биде реалност само преку отворен дијалог и соработка.
Двајцата министри се согласиле дека би можело наскоро да има средба на Мешовитиот комитет за економска соработка.