Рохани - ниту една земја не треба да има нуклеарно оружје

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави ниту една земја не треба да има нуклеарно оружје. Тој го повика Израел да се приклучи на договорот за неширење на нуклеарното оружје. Иран е осомничен од страна на Запад дека се обидува да направи атомска бомба, Изјавата на Рохани доаѓа пред почетокот на состанокот меѓу иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф со американскиот државен секретар Џон Кери, како и дипломати од Велика Британија, Франција, Русија, Кина и Германија. Разговорите се посветени на нуклеарната програма на Техеран а се одржуваат во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.