Потврдена казната за Чарлс Тејлор

поранешниот претседател на Либерија Чарлс Тејлор

Специјалниот суд за Сиера Леоне денеска ја потврди пресудата од 50 години затвор за поранешниот претседател на Либерија Чарлс Тејлор. Тој е обвинет за воени злосторства извршени во Сиера Леоне, односно за вооружување и помагање на бунтовниците за време на граѓанската војна во таа земја од 1991 до 2002 година. Притоа загинале над 120 илјади луѓе. 65 годишниот Тејлор е првиот екс претседател на некоја држава кој е осуден за воени злосторства пред Меѓународниот суд во Хаг. Тој ќе ја отслужува казната во Британија.