Хелсинки, најчесен град во светот

Хелсинки

Магазинот „Рајдерс дајџест“ изврши своевидно испитување на чесноста на жителите на 16 градови во светот. Над 190 паричници биле оставени во паркови, на тротоари и трговски центри од Њујорк до Мумбаи. Во секој паричник имало по околу 50 долари, телефонски број, бизнис карти и семејна фотографија. Скоро 47 насто од паричниците биле вратени. Најчесен град е Хелсинки. Таму од 12 паричници биле вратени 11. Следува Москва каде што биле вратени 7. Во Прага од 12, биле вратени само 3 паричници. Најнечесен град е Лисабон каде што бил вратен само еден паричник.