Пакистан: бројот на жртви од земјотресот порасна на 350

Пакистански владин претставник изјави дека бројот на загинатите во силниот земјотрес што ја погоди провинцијата Балочистан, пораснал на 350 а повредени се над 550. Земјотресот со јачина од 7,7 степени уништи и голем број станови а ги прекина и комуникациските мрежи. Околу 300 000 луѓе се сметаат за засегнати од штетите.