Иран: Рохани најавува договор за нуклеарната програма за три до шест месеци

Иранскиот претседател, Хасан Рохани изјави дека се надева оти договорот со светските сили за нуклеарната програма на Иран ќе се постигне за три до шест месеци. Во интервју за „Вашингтон пост“ тој рече дека временската рамка треба да биде прашање на месеци а не на години. Тој исто така додаде дека е целосно овластен за финализирање на разговорите за нуклеарната програма од страна на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи. КОментарите на Рохани с еобјавени пред денешните меѓународни разговори за иранската нуклеарна програма во Њујорк.