Средба Попоски - Венизелос во Њујорк

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк ќе се сретне со шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, потврдиле за МИА во македонското МНР.
Средбата е закажана во 12 часот по њујоршко време, а се одржува на маргините на 68-то Генерално собрание на ОН.
Централна тема на состанокот се очекува да биде спорот за името.