ЕУ испраќа 100 посматрачи за изборите на Косово

Европската унија ќе испрати 100 посматрачи за локалните избори на Косово што ќе се одржат на 3 ноември, изјави денеска во Приштина специјалниот европратеник за Косово Самуел Жбогар. Тој оцени дека станува збор за исклучително важни избори и заради тоа за прв пат Европската унија испраќа свои посматрачи. „Унијата не сака да има никакви грешки и измами, како претходно“, рече Жбогар.