Антифашистички протести во Грција

Повеќе илјади луѓе протестираа денеска во Атина и во неколку други грчки градови против фашизмот. Во исто време полицијата ги продолжува операциите против неонацистичката партија Златна зора. Владејачкиот ПАСОК кој ја дели власта со Нова демократија ги повика сите општествени и институционални групи да излезат во одбрана на демократијата. Во Грција се заоструваат реакциите по минатонеделното убиство на еден левичарски рапер од страна на припадник на Златна зора.