Заев: Тендерите согласно Законот за јавни набавки

Претседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев денеска по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека негови блиски роднини добивале тендери, објави дека досега општината склучувала договори само согласно Законот за јавни набавки. На прес-конференцијата, Заев изјави дека во последните 12 месеци, општината без нејзините јавни претпријатија и установи, исплатила пари на повеќе од 400 фирми од кои околу 170 се сопственост на луѓе блиски на ВМРО-ДПМНЕ. „Доколку имавте основано сомнение за непотизам и судир на интереси, вашата власт кривично ќе ме гонеше, а не преку прес конференции, на кои презентирате стари документи, што ги објавувате при секој изборен циклус, рече Заев, обраќајќи му се на премиерот Никола Груевски, кого го повика на телевизиски дуел.