Британската баронеса Д Соуза во посета на Македонија

Во официјална посета на Република Македонија денеска и утре ќе престојува баронесата Францес Д'Соуза, лорд, спикер на Горниот Дом на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Баронесата Д'Соуза денеска ќе има средба со претседателот на македонскиот Парламент Трајко Вељаноски, на чија покана е во посета на земјата. Потоа таа ќе се обрати пред пратениците. Во Собранието ќе оствари средба и со претседателот на пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Ермира Мехмети и со нејзините членови.

За време на официјалната посета баранесата Д'Соуза во Владата ќе оствари средба со вицепремиерите Владимир Пешевски и Фатмир Бесими и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ќе разговара и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, а ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество. Баронесата Д'Соуза ќе го посети и Тетово, каде нејзина домаќинка ќе биде градоначалничката на овој град Теута Арифи.