Амнести ги осудува мерките на руското судство

Меѓународната организација Амнести Интернешнл ги осуди плановите на руските власти за обвиненија против активистите на Гринпис за пиратство. Организацијата ги квалификуваше обвиненијата како „очигледно неосновани“. Рускиот истражен комитет вчера соопшти дека речиси 30 активисти припадници на Гринпис, поради протестот против гигантот Газпром за ископувањата за нафта во Артикот се обвинети за пиратство. Доколку судот донесе одлука дека за виновни, тие можат да се соочат со 15 години казна затвор.