Кукан: Македонија одамна требаше да преговара за влез во ЕУ

Европратеникот Едуард Кукан денеска изјави дека Македонија одамна требаше да го почне процесот на преговори за влез во Европската унија и оти се надева дека Извештајот за напредокот на земјата оваа година ќе ја содржи истата препорака.

Кукан смета дека Европската комисија објективно ќе ја оцени ситуацијата во Македонија, но го оценува како навистина извонредно тоа што Владата успеала да ја одржи поддршката на јавноста за членство во Унијата, имајќи предвид дека земјата повеќе години е кандидат за влез во ЕУ.

Европратеникот беше еден од говорниците на парламентарниот семинар што вчера и денеска се одржа во македонското Собрание.