Јахјага: Целта на убиството на припадникот на ЕУЛЕКС е да се внесе страв

Во врска со неодамнешното убиство на припадникот на ЕУЛЕКС, косовската претседателка Атифете Јахјага изјави дека властите во Приштина нема да дозволат „тесните интереси на криминалните групи да ги држат како заложници и да ја диктираат иднината на граѓаните и стабилноста во Косово“.
„Целта на нападите, како што е оној од минатиот четврток кога беше убиен еден припадник на ЕУЛЕКС, е да се внесе страв и несигурност, изјави Јахјага.