Буш - не го критикувајте Обама затоа што игра голф

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш изјави дека Барак Обама не треба да биде критикуван заради тоа колку многу играл голф.
Според Буш, тоа е добар начин за Претседателот да се справи со притисокот на должноста.
Тој меѓутоа престана да игра голф две години откако стапи на должноста во 2003 велејки дека тоа не е убаво за претседател чии војници се борат во Ирак и Авганистан.
Според Си Би Ес, Обама одиграл 140 рунди голф откако стана претседател во 2009 поради што понекогаш се соочува со критики.