САД и Иран се подготвуваат за контакти на високо ниво

Џавад Зариф

САД и Иран се подготвуваат за контакти кои би биле на највисоко ниво во последните 6 години. Според официјални извори, иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф се очекува да да му се придружи на американскиот Државен секретар Џон Кери на состанокот што в четврток во ОН во Њујорк тој ќе го има со неговите колеги од Британија, Кина, Франција, Германија и Русија.
На состанокот меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност плус Германија, се очекува да стане збор за нуклеарната програма на Техеран и за санкциите на ОН спрема Исламската република.