Пари од Светска банка за здравствена заштита на жени и деца

Светска банка ќе потроши 700 милиони долари во наредните две години за здравствена заштита на жени и деца во сиромашни земји. Претседателот на банката Џим Јонг Ким изјави дека парите ќе им помогнат на земјите во развој да ги остварат Милениумските развојни цели на ОН. Тој истакна дека средствата ќе бидат фокусирани врз постигнување резултати.
Ние треба да обезбедиме поголема итност во нашите колективни напори за спасување на повеќе женски и детски животи, а доказите покажуваат дека финансирањето базирано врз резултати има забележително влијание, рече Ким.