Во Иран ослободени 80 политички затвореници

Во Иран се ослободени 80 политички затвореници, изјави портпаролот на судот во Техеран Мошени Eјеи. Меѓи нив се и некои од уапсените во врска со протестите по спорниот реизбор на поранешниот претседател Махмуд Ахмадинеџад во 2009 година.
Објавата уследи неколку часа откако иранскиот претседател Хасан Рохани замина за Њујорк на годишното Генералното собрание на ОН. На овој потег се гледа како на приближување кон западните земји за рестартирање на замрените разговори околу нуклеарната програма на Техеран.
Оваа порака го засили впечатокот дека Рохани има подршка од врховниот лидер, ајатолахот Али Камнеи да ги подобри односи со Западот.