ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во „тендерски“ обвинувања и денеска

Зоран Заев

СДСМ го призна најновиот скандал, во кој што ортак на братот на Зоран Заев, добил голем тендер, се вели во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Според ВМРО-ДПМНЕ воопшто не било важно кој друг добивал јавни набавки во Струмица, туку важно било кои се јавните набавки каде што има класичен судир на интерес и непотизам.
СДСМ пак реагирајки претходно на ВМРО ДПМНЕ соопшти дека Зоран Заев се однесува и работи како градоначалник на сите граѓани на Струмица бидејки тендери добивале и 30 тина фирми блиски до владејачката партија во вредност од над 30 милиони евра.