Кина најмува украинско обработливо земјиште

Кина се согласила да земе под закуп 3 милиони хектари украинско обработливо земјиште за наредните 50 години. Украина од тоа ќе заработува над 2 ипол милијарди долари годишно. Со тоа Украина станува најголемиот кинески земјоделски центар во странство. Станува збор за земјиште во источниот дел на земјата. Според медиумите таму ќе се одгледуваат пченка и свињи.