Нов бран штрајкови во Грција

Од денеска во Грција започнува недела на штрајкови, кои ќе ги опфатат државниот сектор, образованието, општинската админстрација и осигурителните компании. Синдикатите во Грција најавуваат целосна подготвеност да продолжат со борбата против „уништувачката политика“ на Владата и „тројката“ меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ, чии претставници вчера пристигнаа во Атина со цел со властите да ја договорат исплатата на следната транша од финансиската помош во износ од една милијарда евра.