Средба меѓу Нимиц и Филе во Њујорк

Метју Нимиц

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Њујорк треба да се сретне со посредникот на Обединетите нации во грчко македонскиот спор за името Метју Нимиц. Во Њујорк синоќа се одржа средба на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун со грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, кој ја предводи грчката делегација на годинашното Генерално Собрание на Светската организација. „Соговорниците разменија мислења за перспективите за решавање на спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, вклучително и исходите од неодамнешната посета на личниот пратеник на генералниот секретар, Метју Нимиц“, се наведува во соопштението на ОН.